Колумбискиот голман Давид Оспина кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Оспина стана вишок во Арсенал, откако во клубот пристигна Бернд Лено, по што Колумбиецот реши да оди на позајмица.
Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврдил дека клубот преговара со 29-годишниот голман.
„Точно е дека Оспина може да дојде во Наполи. Во тек се преговорите, но се уште постојат некои детали за кои не можеме да се договориме“, рекол Де Лаурентис.
Оспина е член на Арсенал од летото 2014 година.