Top Sport

Остана уште едно место во нокаут-фазата

Познати се 15 од 16.учесници во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Попладнево ќе биде познато дали во нокаут-фазата ќе продолжи Виљареал или Аталанта. Натпреварот на овие два тима, синоќа беше одложен поради обилните снежни врнежи.

Носители на ждрепката ќе бидат победниците на групите: Ајакс, Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, Лил.

Во груата на неносители се: ПСЖ, Челси, Атлетико Мадрид, Интер, Спортинг Лисабон, Салцбург, Бенфика, Аталанта или Виљареал.

Ждрепката за осмина-финалето ќе се одржи на 13.декември, во 12 часот, во седиштето на УЕФА во Нион.

Првите натпревари ќе се играат на 15/16 и 22/23.февруари, а реваншите на 8/9, односно 15/16.март 2022 година.

Scroll to Top