Top Sport

Остатокот на Италија паузираше, Рома го „смачка“ Лече (видео)

Откако четири меча од Серија А беа одложени поради опасноста за зараза со корона вирусот, на „Олимпико“, Рома лесно со 4:0 го совлада Лече за да ја прекине низата од три порази во низа во италијанскиот шампионат.

Ченгиз Ундер уште во 12. минута донесе водство за „волчицата“, а Хенрик Мхитарјан во 37. минута по асистенција на Един Џеко зголеми на 2:0. Во финишот на натпреварот, Рома ја обезбеди победата – прво Џеко во 69. минута погоди за 3:0, за Александар Коларов во 80. минута ги постави конечните 4:0.

Рома е на петтото место во Серија А со 42 поени, три помалку од четвртопласираната Аталанта (со натпревар помалку), додека Лече се 16. со 25 поени, два над зоната за испаѓање.

Scroll to Top