Top Sport

Грузија ја шокираше Србија, Полска на гости ја победи Шпанија!

Србија доживеа шокантен домашен пораз од 80:87 од Грузија во вториот меч од квалификациите за Евробаскет 2021 година по првата убедлива победа над Финска.

„Орлите“ имаа одличен старт и двоцифрена предност, пред Грузија предводен од 33-те поени и 7-те асистенции на Мекфаден да стигне до изненадувачка победа. Ова беше неславно деби на новиот селектор Игор Кокошков пред домашната публика во Белград. Јарамаз имаше 22 поени и шест асистенции, а Аврамовиќ 27 поени и четири скока за Србија.

Изненадување имаше и во Шпанија, каде што Полска стигна до импресивна 80:69 победа, а Словенците иако губеа до последната четвртина, на крајот ја забележаа првата победа од 85:78 над Австрија.

Во нашата група, Естонија по победата над Македонија, успеа добро да ја намачи фаворизираната Италија, која дури во последната четвртија обебеди 87:81 победа.

ЕВРОБАСКЕТ 2021, КВАЛИФИКАЦИИ

Русија – Македонија 77:67 (19:20, 19:16, 19:17, 20:14)

Словенија – Австрија 85:78 (21:15, 22:14, 20:35, 22:14)

Србија – Грузија 90:94 (28:18, 20:23, 19:24, 23:29)

Украина – Унгарија 60:62 (14:10, 16:18, 18:19, 12:15)

Естонија – Италија 81:87 (18:18, 29:23, 14:18, 20:28)

Шпанија – Полска 69:80 (19:15, 16:23, 20:27, 14:15)

Scroll to Top