Top Sport

Остерсунд сензационален против Арсенал, но „топчиите“ одат понатаму (видео)

Неверојатната сезона на тренерот Греем Потер и неговите Остерсундс за малку ќе станеше уште поневеројатна, откако малиот шведски тим постигна два гола за 70 секунди за да се закани со сензационално исфрлање на Арсенал во Лигата на Европа.

Првиот меч во северна Шведска заврши со 0:3 за Арсенал, така што малкумина очекуваа дека е можно Остерсундс да направи нешто повеќе од пристојно да загуби на „Емирати“, меѓутоа тоа се смени во неполни две минути во првото полувреме.  Ајеш и Сеха постигнаа два гола за само седумдесет секунди за да постават неверојатен притисок на Арсенал – само уште еден гол и мечот ќе одеше во продолженија.

Сепак, Сеад Колашинац, босанскиот „тенк“ на Арсенал во 47. минута постигна гол за намалување на стравувањата за испаѓање, иако победата остана во рацете на шведскиот клуб.

Уште поимпресивно Остерсундс го следеа околу 5.000 шведски навивачи или 10 отсто од популацијата на градчето.

Милан немаше вакви проблеми со бугарскиот шампион Лудогорец, откако со минимални 1:0 победи за вкупен резултат од 3:0. Патрик Кутроне овојпат не даде гол, но затоа беше асистент на единствениот погодок на Фабио Борини.

Ред бул Салцбург со голот од пенал на Валон Бериша во 74. минута стигна до 2:1 победа над Реал Сосиедад, елиминирајќи го поранешниот противник на Вардар во натпреварите по групи откако првиот меч заврши 2:2.



ЛИГА НА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ

Милан – Лудогорец 1:0

Арсенал – Остерсундс 1:2

Аталанта – Борусија Дортмунд 1:1

Атлетик Билбао – Спартак Москва 1:2

Брага – Марсеј 1:0

Салцбург – Реал Сосиедад 2:1

Наполи победи  во Германија, но Лајпциг оди понатаму (видео)

Шефот на Остерсундс признава: Потребно ни е фудбалско чудо против Арсенал

Scroll to Top