Напаѓачот на Саутемптон, Чарли Остин е обвинет за „насилно однесување“ од страна на Фудбалската асоцијација (ФА) откако го удри голманот на Хадерсфилд, Јонас Лесл при 1:1 ремито во саботата.
Данецот доби исеченица на лицето и мораше да добие медицинска помош, откако Остин го „закачи“ во лицето со десната копачка. 28-годишниот Остин може да добие суспензија од три меча, но најдобриот стрелец на Саутемптон оваа сезона (6 гола) може да паузира и така откако го повреди бутниот мускул во 79. минута од мечот.
The bad and the ugly from @chazaustin10. That’ll be a retrospective red I’m afraid.#saintsfc #huddersfield #SOUHUD pic.twitter.com/4C7ZqzJnTv
— TractorSaint ? (@TractorSaint) December 23, 2017
Тренерот на Хадерсфилд, Дејвид Вагнер го обвини Остин дека стартот бил намерен.
„Никогаш нема да кажам дека некој сакал да го повреди ривалот намерно, но да бидам искрен, тука изгледа дека тоа е случајот. Ова не смее да се повторува. Јас бев напаѓач и знам дека Јонас ја имаше освоено топката и затоа не требаше да биде допрен“, вели Вагнер.
Маурисио Пелегрино, тренерот на Саутемптон, не се согласува.
„Не видов никаква намера кај мојот играч. Тоа беше само еден незгоден момент“, вели Пелегрино.
WATCH: Southampton striker Charlie Austin steps on Huddersfield Town goalkeeper Lossl. pic.twitter.com/SAgFoePa3z
— Football Under Lights (@Footballunlight) December 23, 2017