Top Sport

И тоа е можно – Милан да го врати Монтела

Италијанскиот весник „Ла стампа“ тврди дека Винченцо Монтела може да направи неверојатен кам-бек на клупата на Милан, кои сериозно размислуваат да го отпуштат Џенаро Гатузо по само четири меча.

Популарниот „Л’аеропланино“, Монтела беше отпуштен минатиот месец по осредниот старт на сезоната, а шанса да покаже што може доби Гатузо, тогаш шеф на младинскиот тим. Меѓутоа, по само четири поени од четири натпревари и уште едно посрамотување во саботата, кога дома загубија од Аталанта со 0:2, „Ла стампа“ тврди дека тој има краен рок од два меча да го поправи впечатокот, почнувајќи со дуелот од Копа Италија против Интер во среда.

Монтела уште има договор со Милан, така што неговото враќање, според италијанските медиуми има „логика“. Ова нема да биде првпат тренер да се врати во Италија, бидејќи обично нивните договори не се прекинуваат по отпуштањето.

Нова агонија во црвено-црно – Аталанта го понижи Милан на „Сан Сиро“ (видео)

Scroll to Top