Top Sport

Осум екипи се борат за потписот на Џо Гомез

Фудбалерот со најдолг стаж во Ливерпул, од играчите кои се во овој момент во клубот, во летниот преоден рок ќе го напушти „Енфилд“. Џо Гомез цела деценија е во Ливерпул, но дојде време да се раздели со клубот.

Гомез ќе го напушти „Енфилд“, но нема да има тешка задача да најде нов клуб. Интересот за него е голем.

Астон Вила, Борнмут, Барнли, Евертон, Лидс, Њукасл, Сандерленд и Вест Хем се во борба за потписот на дефанзивецот.

Астон Вила, Њукасл и Вест Хем имаат најголеми финансиски шанси, а прашањето е каква улога сака Гомез во новиот тим. Доколку сака да биде лидер во одбраната, тогаш тимови како Сандерленд и Лидс, кои штотуку се промовираа во Премиер лигата, би му одговарале повеќе.

Ливерпул ќе го пушти Гомез за 25 милиони фунти.

Scroll to Top