Top Sport

Осум европски клубови веќе обезбедија пласман на Светското клупско првенство

ФИФА лансираше онлајн алатка за рангирање на клубови за да им овозможи на навивачите да го следат напредокот на клубовите во трката за место на првото Светско клупско првенство на ФИФА во 2025 година.

Оваа алатка следи кои тимови ширум светот се квалификувале, или се уште се во игра да се најдат во конкуренција на 32-те тима што ќе учествуваат на турнирот, кој ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

Клубовите кои веќе обезбедија квалификации за првото издание на Светското клупско првенство на ФИФА се:

Африка: Видад Атлетик клуб (Мароко) и Ал-Ахли (Египет)

Азија: Ал-Хилал (Саудиска Арабија), Урава Ред Дајмондс (Јапонија)

Европа: Челзи (Англија), Реал Мадрид (Шпанија), Манчестер сити (Англија), Баерн Минхен (Германија), Пари Сен Жермен (Франција); Интер (Италија), Порто (Португалија), Бенфика (Португалија).

Северна и Централна Америка и Карибите: Монтереј (Мексико), Сиетл Саундерс (САД), Леон (Мексико).

Океанија: Окленд сити (Нов Зеланд).

Јужна Америка: Палмеирас (Бразил), Фламенго (Бразил), Флуминенсе (Бразил).

Scroll to Top