Фудбалскиот клуб Краснодар се соочува со масовен егзодус на интернационалците по руската инвазија врз Украина.
Клубот веќе го напушти германскиот тренер Даниел Фарке, а на осум фудбалери Краснодар им дозволил да ги раскинат договорите и да ја напуштат Русија.
Еден од тие осуммина, Реми Кабела, веќе се вратил во Франција. Тој тренира со Монпелје.
На листата се и Гжегож Криховијак репрезентативец на Полска, потоа Џон Кордоба, Ерик Ботхејм, Кристијан Рамирез, Каио, Вандеросн, Виктор Клаесон и Жуниор Алонсо.
Од странците во Красондар ќе останат само Ерменецот Едуард Спертсјан и Белорусинот Александар Матинович.