Top Sport

Осум заинтересирани купувачи за Јунајтед, конечната одлука на крајот на април

Осум групи на потенцијални купувачи преговараат со семејството Глејзер околу можноста да го преземат Манчестер јунајтед, јавува угледниот британски „Телеграф“.

Тоа ги вклучува двете групи кои јавно ги објавија кандидатурите во февруари, првата предводена од катарскиот шеик Јасим Бин Хамадд Ал-Тани, и втората предводена од најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф. За нив сигурно се знае дека се заинтересирани за целосно преземање на клубот, а според „Телеграф“ има уште две вакви групации. Други четири групи, меѓу кои се е и поранешните газди на Милан, „Елиот менаџмент“ се заинтересирани само за инвестирање во клубот.

Тие додаваат дека се очекува зделката да биде комплетирана до крајот на април, и покрај тоа што се очекува дека ниту една понуда не ги достигнува посакуваните 5 милијарди фунти на семејството Глејзер.

Scroll to Top