Поранешниот фудбалер на Јувентус и Рома, Дани Освалдо вели дека не жали за својата кариера и дека повеќе би сакал да живее опуштено отколку со напорен распоред како Кристијано Роналдо.
Освалдо играше за клубови како Рома, Јувентус, Саутемптон, Интер и Бока јуниорс, пред да ја заврши кариерата и да започне со музичка кариера во 2016 година, објавувајќи го првиот албум како дел од бендот „Барио виехо“. Сега, тој во интервју со „Марка“ признава дека не сакам да се жртвува премногу.
„Не сум голем љубител на денското време. Многу пушам, и пред некој ден игра фудбал со пријателите – за малку ќе се задушев. Кристијано Роналдо сака да оди дома и да прави 150 склекови, јас сакам да правам скара. Фудбалот ми даде шанса да помогнам на семејството и да заработам толку што не морам да работам цел живот. Ми го смени животот, но ми ја зеде и слободата, а тоа не можев да го дозволам“, вели Освалдо.
Последен пат Освалдо играше на највисоко ниво за омилената Бока во 2016, но само шест месеци подоцна беше исфрлен од составот за пушење во соблекувалната.
„Да, пушев многу, но и тренерите ми бараа да запалат од мене. Но, тренерот на Бока, Гијермо Скелото реши да ме исфрли од тимот поради тоа, но без да ми го каже. Имаше 12 фудбалери кои пушеа, но само мене ме исфрлија“, додава Освалдо.