„Освојувачот на Златната топка 2019 дознал дека тој на 2 декември ќе ја прими наградата. Тој има можност и да ја допре наградата која официјално ќе му биде врачена наредната недела во Париз“, тврди каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.
Овој извор не прецизира кој е добитникот на престижната награда, за која конкурираат Вирџил Ван Дајк, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Еден од овие тројца ќе го наследи на тронот Лука Модриќ.
Меси и Роналдо досега освоиле по пет Златни топки, додека Ван Дајк прв пат се наоѓа во позиција да ја добие наградата.
Претходно Ван Дајк ја доби наградата на УЕФА за играч на годината, додека наградата на ФИФА заврши кај Меси.