Top Sport

Отаменди постигна неверојатен поништен гол, уште 45 минути надеж за Барса

Првиот меч од Лигата на шампионите за Чави на клупата на Барселона е можеби и најважниот, откако им е потребна победа над Бенфика за да ги заддржат шансите за осминафинале. По првите 45 минути и покрај иницијативата останува 0:0.

Најдобриот момент на мечот беше голот на аргентинскиот ветеран, Николас Отаменди, кој не беше признаен, бидејќи топката при изведувањето на корнерот излезе надвор од теренот.

Барселона има шест поени на второто место во групата Е со Баерн како недостижен лидер, а Бенфика 4 поени, но во последното коло Барса гостува во Баварија, додека Бенфика дома игра со Динамо Киев.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО, ПО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ

Барселона – Бенфика 0:0

Челси – Јувентус 1:0

Лил – Ред бул Салцбург 1:0

Малме – Зенит Санкт Петерсбург 1:0

Севилја – Волфсбург 1:0

Јанг Бојс – Аталанта 1:1

Scroll to Top