Top Sport

По три позајмици, Чалоба доби шанса и ги „стресе“ Јувентус

Трево Чалоба, 22-годишниот англиски фудбалер, кој е во Челси од 2018 година, им донесе водство од 1:0 на „сините“ на дербито со Јувентус, одлично реагирајќи по корнерот на Хаким Зијеш во 25. минута од мечот на „Стемфорд бриџ“.

Чалоба, кој долго време се сметаше за голем талент, беше дел од армијата фудбалери на позајмица на Челси, играјќи во Ипсвич, Хадерсфилд и Лориен последните три сезони, пред оваа година, Томас Тухел да му даде шанса и тој да биде стартер против Јуве, откако и во своето деби како стартер во Премиерлигата постигна гол.

Scroll to Top