Top Sport

Отаменди се сели во Барселона?

Фудбалерот на Манчестер сити, Николас Отаменди, до крајот на зимскиот преоден рок би можел да го смени клубот. Сериозен интерес за 30-годишниот Аргентинец покажува фудбалскиот клуб Барселона.

Отаменди сезонава не е во прв план кај менаџерот Пеп Гвардиола, кој повеќе им верува на Џон Стонс и Емерик Лапорт, поради што има одиграно само 10 натпревари за „граѓаните“.

Поради тоа тренерот на Барселона им препорачал на клупските челници да се обидат да го донесат Отаменди на „Ноу Камп“. За услугите на Аргентинецот Барселона може да понуди 40 милиони евра.

Отаменди има искуство од шпанската Ла Лига, во сезоната 2014/2015 тој играше за Валенсија откаде замина во Манчестер сити.

Барселона во овој преоден рок го за врши трансферот на Френки де Јонг, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Ноу Камп“ додека како позајмени играчи во Каталонија дојдоа Џејсон Муриљо и Кевин-Принц Боатенг.

Scroll to Top