Top Sport

Ливерпул за „новиот Роналдо“ понудиле 70 милиони евра, Бенфика не го дава за помалу од 120

Ливерпул биле сериозно заинтересирани за 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс. „Црвените“ за фудбалерот кого го споредуваат со Кристијно Роналдо понудиле 62 милиони фунти (70 милиони евра).

Феликс, според Португалците е еден од најдобрите играчи што излегол од познатата школа на Бенфика. 19-годишникот може да игра на двете крилни позиции, во централниот дел од редот за врска и како полу-шпиц.

Сезонава веќе има 19 настапи за првиот тим, а од дебито против Боависта во второто коло, има постигнато шест гола. Последните три натпревари бил во почетниот состав на Банфика.

ЛИверпул понудиле 70 милиони евра, а од Бенфика веднаш ја одбиле понудата, со образложение дека нема да го пуштат за помалку од 120 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула во неговиот договор.

Вистинската борба на богатите клубови за потписот на Жоао Феликс се очекува во летниот преоден рок. Покрај Ливерпул интерес за „новиот Роналдо“ покажала двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити.

Scroll to Top