Top Sport

Откако ги стопираше Сити, пак се појави фотографијата на Кејн во дрес на Арсенал

Хери Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Тотенхем со својот 267. гол, и влезе во елитната група на напаѓачи со 200 постигнати голови во Премиерлигата, но за навивачите на Арсенал, тој секогаш ќе остане „загубеното дете“ кое во минатото навивало за „топчиите“ за да направи кариера во лутиот ривал од северен Лондон, Тотенхем.

По вчерашниот 1:0 „кикс“ против Евертон, токму Кејн ја одржа преднста на Арсенал пред Сити, со единствениот гол при 1:0 победата над Сити. Тоа беше доволна причина навивачите на Арсенал да имаат свој ден на социјалните мрежи, поканувајќи го напаѓачот на веќе закажаната шампионска парада.

Scroll to Top