Top Sport

Откако остана без Златната топка, Винисиус најави дека ќе доминира во наредната деценија

Винисиус Жуниор, играчот на Реал Мадрид се огласи на социјалните мрежи откако Родри од Манчестер сити на церемонијата во Париз ја доби Златната топка.

Бразилецот беше голем фаворит за освојување на Златната топка, но ситуацијата наеднаш се промени неколку часа пред самата награда.

Кога стана јасно дека таа ќе оди кај играчот од средниот ред на Манчестер Сити, по што претставниците на „кралскиот клуб“ направија неочекуван и неспортски потег. Флорентино Перез реши делегацијата од 50 луѓе да не патува во Париз.

Наскоро на социјалните мрежи се огласи фудбалерот.

„Ќе го направам тоа уште 10 пати ако е потребно. Тие не се подготвени“, напиша Винисиус.

Scroll to Top