Оле Гунар Солскјер денеска ја доби постојаната работа во Манчестер јунајтед и неочекувано тоа е ужасно лоша вест за дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк. Зошто? Бидејќи ќе мора да се сели.
Норвешкиот ас Солскјер живееше во куќа вредна 4 милиони фунти во Чешајр додека беше фудбалер, но ја постави куќата на продажба кога се врати во Норвешка да стане тренер на Молде по работата со резервниот тим на Јунајтед. Кога не успеа да ја продаде, Ван Дајк реши да ја изнајми кога потпиша за Ливерпул минатиот јануари.
Претходно овој месец, запрашан дали зборувал со фудбалерот на Ливерпул за куќата, Солксјер се шегуваше: „Да, тој е иселен“, но сега го очекува токму тоа, откако Норвежанецот потврди дека неговото семејство ќе се врати во Англија, а тој ќе се исели од хотелот „Лори“ во Манчестер.
„Уживавме во животот во Норвешка последните осум години, така што сега ќе има мала промена за нив, но ќе биде интересно. Шесте месеци на кои се договоривме кога дојдов, решивме да ги поминеме разделено, но сега тие доаѓаат тука. Изградивме куќа, односно започнавме во 2007, а сега во 2019 конечно ќе се вселиме“, вели Солскјер, кој додаде дека сопругата и трите деца ќе се преселат пред крајот на сезоната, откако децата ќе ја завршат школската година.