Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер се тренерите кои, по повлекувањето на сер Алекс Фергусон во 2013 година, не успеаја да му ја врата славата на Манчестер јунајтед.
Ниту еден од овие тренери не успеа да го одработи до крај својот договор. Сите беа отпуштени поради лошите резултати. Отказите знаеја да ги наплатат.
Обесштетувањето што им го исплатил Јунајтед е поголемо од сумата што клубот ја потроши за трансферот на Рафаел Варан.
Манчестер јунајтед, пред шест месеци на Реал му плати за Варан 40 милиони евра, додека Мојс, Ван Гал, Мурињо и Солскјер ја „олесниле“ клупската каса за 45 милиони евра (38 милиони фунти).
Солскјер вчера доби отказ, а ќе добие и обесштетување од 7,5 милиони фунти. Претходно за предвремениот раскин на договорот Мојс доби 7 милиони фунти, Ван Гал 8,4 милиони фунти, а Мурињо од отказот заработил 15 милиони фунти.