Top Sport

Отказот на Солскјер ги чинел Јунајтед 10 милиони фунти

Манчестер јунајтед потврдија дека клубот потршил речиси 10 милиони фунти за отказот на Оле Гунар Солскјер и дел од тренерскиот тим а крајот на ноември.

Солскјер доби отказ по низата слаби резултати, а по него во декември си заминаа и тренерите Мајкл Керик, Киеран Меккена и Мартин Перт. Се верува дека Солскјер добил отштета од 7 милиони фунти, додека 3 милиони фунти отишле кај другите членови на неговиот тим.

Ова се гледа преку кварталниот финансиски извештај на „ѓаволите“ кој го покрива периодот до 31 декември 2021, каде што 10 милиони фунти се издвоени за „вонредни трошоци“.

„Вонредни трошоци за кварталот беа 10 милиони фунти. Ова ја покрива компензацијата на поранешниот  менаџер на првиот тим и дел од тренерскиот тим, плус дополнителна сума кон пензиската програма на Фудбалската лига“, се вели во извештајот на Јунајтед.

Долгот на клубот е 494.8 милиони фунти, за 8.6 отсто повеќе од претходниот квартал, иако според клубот „основниот долг“ останува ист.

Scroll to Top