Top Sport

МЗТ Скопје Аеродром остана без репрезентативецот Бојан Крстевски

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, веднаш се соочува со проблеми, откако по настапот за македонската национална селекција во квалификациите за СП 2023 со здравствен проблем се врати центарот Бојан Крстевски.

Искусниот кошаркар има повреда на препоната, поради која ќе биде надвор од тренажниот процес во следните две седмици.
Крстевски речиси сигурно ќе ги пропушти дуелите против Работнички (5 март) и против Ангели (12 март), а лекарскиот тим ќе стори сè да го оспособи за дуелот против Гостивар (16 март), последен пред турнирот од АБА2-лигата во Широки.

Крстевски веќе трета сезона е еден од носителите на играта на МЗТ Скопје, чие отсуство ќе треба да го покријат останатите високи играчи во тимот, пред сè Роберт Рикиќ, Немања Милошевиќ и Хуан Дејвис.

Scroll to Top