Top Sport

Отказот за Ваха повторно е тема број 1 во Мароко

Многу критики поради начинот на кој ја врши својата работа трпи Вахид Халилхоџиќ и покрај тоа што го однесе Мароко на Мундијалот и стана првиот човек кој изборил пласман на Мундијалот со четири различни репрезентации.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Мароко на почетокот на месецот изјави дека Халилхоџиќ има поддршка, но дека не е незаменлив.

Тогаш Халилхоџиќ не сакаше да ја коментира веста за потенцијалниот отказ.

„Времето ќе покаже. Ја завршив мојата работа, резултатите се тие, немам никакви проблеми“, изјави тогаш Халилхоџиќ за „Спорт клуб Загреб“.

Приказната за отказот на селекторот на фудбалската репрезентација повторно е тема број еден во мароканските медиуми.

Како што пишува во средата „Лионе де Атлас“, Фудбалскиот сојуз на Мароко веќе донел одлука да му врачи отказ на Халилхоџиќ, а за тоа ќе биде информиран кога ќе пристигне во земјата.

Истиот извор наведува дека ФС Мароко ќе ја официјализира својата одлука во наредните денови.

Scroll to Top