Top Sport

Откриена клаузулата во договорот на Алонсо

Карло Анчелоти на крајот на сезоната ќе го напушти Реал и ќе стане селектор на Бразил. Реал е во потрага по нов тренер, а медимути во Шпанија се сигурни дека тоа ќе биде поранешниот фудбалер на Реал, сега тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.

„Марка“ и „АС“, долго време го подготвуваат ова сценарио, а во средата открија дека постои клаузула во договорот на Чаби Алонсо со Баер. Инаку, актуелниот договор на Алонсо истекува во 2026 година.

Шпанските медиуми, повикувајќи се на „Билд“, пишуваат дека Чаби Алонсо може предвреме да ја напушти клупата на Баерн во случај на добие понуда од овие три клуба: Реал, Ливерпул и Баерн.

Алонсо е тренер на Баер од октомври минатата година. Тој го презеде клубот по осум кола кога беше претпоследен на табелата и го искачи на шестата позиција во Бундес лигата и играше во полуфиналето на Лига Европа. Неговиот тим моментално е лидер во Германија, со шест победи и едно реми по седум одиграни натпревари. Неодамна и самиот ги коментираше гласините за преземање на Реал.

„Прерано е да се зборува за тоа, септември е. Така што сега не може да биде тема на разговор. Се уште не сме разговарале за тоа“, рече Алонсо.

Scroll to Top