Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент.
Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат.
Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното.
Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде исплатена преку бонусите, во зависност од настапие, головите, асистенциите, освоените трофеи….
Откако не успеа да се договори со Тадиќ, Атлетико го ангажираше Тијаго Алмада од Ботафого, кој игра токму на позицијата на Душан, а цената на трансферот беше 21 милион евра.
Тадиќ го напушти Фенербахче на крајот од минатата сезона, Црвена звезда и Војводина се распрашуваа за него, но постојат големи шанси тој да ја продолжи кариерата во странство.