Барселона ќе може конечно да го регистрира Гави како играч на првиот тим, но само ако Ла лига не се жали на овој статус и не го добие случајот, со што ѕвездата од средниот ред на каталонскиот клуб би се вратил на сегашниот статус, тврди „Марка“.
Тие објаснуваат дека ова може да има катастрофални последици за договорот на Гави со клубот, бидејќи според условите на документот потпишан во септември 2022, Барса мора да го регистрира пред крајот на преодниот рок (денеска во 12 часот по полноќ), бидејќи во спротивност неговата откупна клаузула ќе падне од 1 милијарда евра на 0 евра, односно тој ќе може да потпише со било кој клуб.
Клубот преку соопштение тврди дека ги исполнува сите услови за Гави да биде регистриран како играч на првиот тим, но Ла лига пред неколку дена ги отфрли овие документи. Тренерот Чави Ернандез не беше загрижен.
„Приоритетот е најважните играчи како него да се осигурани. Сега изгледа можеме да го регистрираме и не гледам дека нешто ќе се смени. Тој е среќен и задоволен со нас и нема шанси да си замине“, изјави Чави.
FC Barcelona statement on Gavi's registration
👉 https://t.co/B3Dz8vyqNc pic.twitter.com/QtvUsv5u8z— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 31, 2023
Барса уште не може да го регистрира Гави, иако тој ќе продолжи да игра за нив!