Top Sport

„Отпишаниот“ Леванте го шокираше Атлетико на „Ванда метрополитано“!

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди го оствари едно од најголемите изненадувања во шпанската Ла лига оваа сезона, стигнувајќи до 1:0 победа на гости кај шампионот Атлетико Мадрид, уште еднаш покажувајќи дека работите не се најдобри во тимот на Диего Симеоне.

Леванте досега имаше само една победа цела сезона и се убедливо на последното место на табелата, но во физички меч, успеаја да стигнат до три поени, кои сепак ги оставаат на 10 поени од безбедната зона.

Човек на одлука беше Гонзало Мелеро, кој во 54. минута од мечот по една убава акција на Леванте, успеа да го совлада Јан Облак за неочекувано водство. Барди беше во игра до 62. минута од мечот. Атлетико имаше постојан притисок во финишот на натпреварот, и Анхел Кореа во 95. минута даде убав гол со ножички, но тој беше поништен поради претходен фаул. Во следниот напад, Леванте ја затресе пречката од 40-тина метри преку Малса за конечен крај.

Поразот ги остава Атлетико на петтото место на табелата со 39 поени, колку што има и четвртопласираната Барселона, но сега Каталонците имаат меч помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top