Top Sport

Отпуштениот Мирабели тврди: Кристијано Роналдо и Обамејанг ќе дојдеа во Милан!

Поранешниот директор на Милан, Масимилијано Мирабели тврди дека имал договор со Кристијано Роналдо и со Пјер-Емерик Обамејанг за трансфер на „Сан Сиро“ пред да се случи заминувањето на кинескиот сопственик Јонгхонг Ли.

Мирабели беше спортски директор за време на „владеењето“ на кинескиот бизнисмен на клубот, кое заврши со преземање на Милан од страна на „Елиот менаџмент“, американската фондација на која Ли должеше премногу пари.

„Повторувам, Кристијано сакаше да дојде во Милан. Не се шегувавме, и сигурен сум дека да останеа истите газди на клубот, ЦР7 ќе го носеше дресот на ’росонерите’. Тоа го гарантирам. Не му пречеше што нема да игра во Лигата на шампион и ми велеше: ’Никогаш не сум победил во Лига Европа, така што ќе одам на тоа’. Сѐ беше дефинирано, вклучувајќи ја платата и трансферот. Исто така го имавме и Обамејанг и имавме договор со Борусија Дортмунд пред неговиот татко да се вмеша. Исто така преговарав со Алваро Мората, Чиро Имобиле, Карим Бензема и ги почнав разговорите со Гонзало Игуаин, кои потоа ги завршија“, вели Мирабели.

Scroll to Top