Top Sport

ППД Загреб не го дава врвот на СЕХА-лигата, трилер во српското дерби (видео)

ППД Загреб го победи својот хрватски ривал Нексе со 20:17 за да се зацврсти на првото место во регионалната СЕХА Газпром лига по 10 кола, додека во Нови Сад, српското дерби меѓу Војводина и Железничар од Ниш заврши нерешено 27:27.

Иван Сршен и Златко Хорват имаа по пет гола за хрватскиот шампион, додека кај Нексе најефикасен беше Томи Возаб со седум гола.

Во Нови Сад пак, Железничар успеа да надополни разлика од три гола во последните две минути за да освои поен во „Слана бара“ откако Добривое Марковиќ постигна гол со звукот на сирената. Милош Грозданиќ имаше осум гола за Војводина, исто колку и Марковиќ за Железничар.

СЕХА ЛИГА, 10.КОЛО

Мешков Брест – Извиѓач 40:22 (21:11)

Војводина – Железничар Ниш 27:27 (12:11)

ППД Загреб – Нексе Нашице 20:17 (12:7)

Табела: 1.ППД Загреб 24, 2.Прешов 21, 3.Вардар 21, 4.Нексе 21, 5.Мешков 15, 6.Стеауа 15, 7.Војводина 13, 8.Железничар 10, 9.Металург 4, 10.Извиѓач 1


Scroll to Top