Top Sport

Фламенго во финалето го чека Ливерпул или Монтереј (видео)

Бразилските шампиони и носителите на титулата од Копа Либертадорес, Фламенго ќе играат во финалето на Светското клупско првенство во Катар, откако иако губеа од саудискиот клуб Ал-Хилал, на крајот стигнаа до 3:1 победа.

Азискиот шампион поведе преку Ал Давсари во 18. минута, пред Де Араскета да израмни во финишот на првото полувреме. Енрике во 78. минута го комплетира пресвртот на Фламенго, за четири минути подоцна Албулајхи да си постигне автогол за конечни 3:1.

Во финалето, Фламенго ќе игра со подобриот од дуелот на европскиот шампион Ливерпул и северноамериканскиот шампион Монтереј.

Scroll to Top