Top Sport

Ова е новиот дрес на Јувентус

Старо-новиот шампион на Италија, Јувентус, денес ги претстави дресовите за наредната сезона.

Јуве и понатаму ќе игра во својата црно-бела комбинација, она што е новина се златните детали на дресот. Рекламата на дресот е испипана со златни букви, а дури и бојата на грбот е златна.

Дресот има само четири стилизирани фигури, а задната страна на која ќе биде бројот е целосно во бела боја.

Дресот официјално требаше да биде покажан во јавноста во мај, но промоцијата беше одложена поради пандемијата на вирусот Ковид-19.

 

Scroll to Top