Top Sport

Арсенал испратиле понуда за Фелипе Кутињо

Арсенал испратиле официјална понуда до Барселона за Фелипе Кутињо. Бразилецот за кого Барса плати 160 милиони евра сезоната ја мина во Баерн како позајмен играч.

Фелипе Кутињо не успеа да се снајде во новиот тим откако во јануари 2018 година го напушти Ливерпул. Баерн нема да ја искористат опцијата и да го откупат неговиот договор.

Според менаџерот на фудбалерот доколку во Барселона не сметаат на него тој има желба да се врати во Премиер лигата.

Арснеал, според медиумите во Англија, ја испратиле првата понуда за овој фудбалер. Клубот од северен Лондон го понудиле Матео Гендузи и 50 милиони евра.

Се претпоставуа дека Барселона за Кутиео ќе бара најмалку 80 милиони евра.

Scroll to Top