Питер Хатон, еден од членовите на управниот одбор на Про лигата на Саудиска Арабија, истакнува дека огромни инвестиции на најбогатите клубови од оваа земја не се краткотрајна приказна.
Во оваа лига од следната сезона ќе играат Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Садио Мане, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Фабињо, Нголо Канте, Марцело Брозовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Невеш, Франк Кеси, Ријад Марез…
Вакво нешто до пред неколку месеци беше незамисливо, новата реалност е дека најбогатите клубови во Саудиска Арабија можат да го купат секој играч од Европа. За тоа сведочи понудата која беше доставена до Пари Сен Жермен од 300 милиони евра за Килијан Мбапе.
Многумина мислат дека ова е само „лош сон“ и дека брзо ќе заврши. Предвидуваат дека приказната ќе биде сличн на кинеската. Пред неколку години Кинезите со големи плати ги привлекуваа играчите да се селат од Европа на далечниот исток, но таа приказна траеше кратко.
Членот на бордот на директори на Про лигата, Питер Хатон е сигурен дека допрва Саудијците ќе инвестираа во своето национално првенство.
„Убеден сум дека овие буџети се проектирани за наредните години. Не гледам дека динамиката се забавува. Ова е само почеток на големите инвестиции на Саудиска Арабија. Работам во професионалниот спорт повеќе од 40 години и досега не сум видел толку голем и амбициозен проект“, изјави Хатон.
Со оглед на тоа дека преодниот рок во Саудиска Арабија трае три недели подолго од Европа, јасно е дека за помалку од два месеци може да се случат уште неколку големи трансфери.