Top Sport

Ова на Флик никогаш не му се случило во кариерата

Фудбалерите на Челзи одиграа врвен натпревар, целосно ја надиграа и поразија Барселона со 3:0 во петтото коло од Лигата на шампионите.

Екипата на Енцо Мареска постигна два гола до 25-та минута, но двата беа поништени поради офсајд и играње со рака. Тие поведоа во 27-мата минута, кога Жил Кунде си постигна автогол.

Челзи беше значително подобар во првото полувреме, а голема помош за продолжението доби во 44-та минута, кога капитенот на Барселона, Роналд Араухо, доби втор жолт, односно црвен картон.

„Сините“ ја искористија таа предност со головите на Естевао и Лиам Делап во 55-та и 73-та минута. Со оваа победа, Челзи скокна на петтото место со 10 бода, додека Барселона е само 15-та со седум бода.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, нема да го памети добро натпреварот, бидејќи на „Стенфорд Бриџ“ беше прекината неговата совршена серија. Германскиот стратег до вечерва, со Баерн и Барселона, одигра 36 натпревари во Лигата на шампионите, а во секој од нив неговиот тим постигна барем еден гол. Серијата започна на 6 ноември 2019 година, кога неговиот Баерн го победи Олимпијакос со 2:0, а заврши синоќа во Лондон.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');