Прв пат од почеткот на кариерата паднала цената на Нејмар на „Трансфермаркт“. Овој извир е релевантен во фудбалскиот свет кога се во пражање вредностите на фудбалерите.
Според „Трансфермаркт“ цената на Нејмар повеќе не е 180 милиони, туку 160 милиони евра.
Во јануари 2009 година кога ја започнал кариерата вредноста му била 17 милиони евра, а кога во 2013 година се преселил во Барселона Бразилецот имал цена од 100 милиони евра.
Рекордниот трансфер во 2017 година кога ПСЖ платија за него 222 милиони евра, му ја крена цената и на „Трансфермарк“ на 180 милиони евра.
Падот на цената на Нејмар најмногу се должи на неговите чести повреди во изминатите две години и проблемите што ги има надвор од фудбалските терени.