Top Sport

Слутцки нов тренер на Рубин

Поранешниот селектор на Русија Леонид Слутцки потпиша пет годишен договор со Рубин од Казан. Слуцки пред три недели доби отказ во Витесе.

Леонид Слутцки е поранешен тренер на ЦСКА од Москва (2009-2016), а во истиот период бил и селектор на Русија. Од кормилото на репрезентацијата заминал по Европското првенство во 2016 година.

Во кариерата шест месеци бил тренер и во Хал сити.

Рубин бележат лоши резултати во рускиот шампионат, во моментов се 13 на табелата.

Scroll to Top