Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, конечно би можел да потпише нов договор со клубот.
Преговорите што траат неколку месеци влегуваат во последна фаза, а наводно единствената преостаната ставка е клаузулата за откуп.
Како што откри „Билд“, менаџерите на Упамекано ги прифатиле апсолутно сите услови што ги понудил Баерн Минхен, но исто така побарале да се постави клаузула за откуп и тоа во првата година од договорот.
Ставот на челниците на Баерн е дека такво нешто нема смисла, понудуле опција краткорочната клаузула да биде активна само во втората година по потпишувањето, односно во 2027 година.
Сите други детали биле решени, платата, бонусот за потпис на договорот, а уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, откри дека Упамекано неодамна нашол нова куќа во Минхен, и дека ова не е потег што би го направил некој, што сака да си оди од клубот.
Сè укажува дека Упамекано им одолеал на понудите од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, и дека наскоро конечно ќе потпише нов договор со Баерн.
Дајо Упамекано пристигна во Баерн Минхен летото 2021 година од РБ Лајпциг за 42.500.000 евра, а претходно играше за РБ Салцбург од 2015 до 2017 година.
Foto/ depositphotos
