Top Sport

Ова се играчи за Реал – „Марка“ ги најде со помош на вештачка интелигенција

„Марка“ објави листа од пет централни дефанзивци, кои најмногу би му одговарале на Реал Мадрид.

„Марка“, во соработка со компанијата „Олоцип“ која работи со вештачка интелигенција, заклучиле дека на Карло Анчелоти му треба засилување во овој дел од тимот. Според нивата анализа, најслаби играчи во тимот се Начо и Хесус Ваљехо.

„Со нашата анализа дознавме каков придонес имаат играчите во своите тимови. Филтиравме централни дефанзивци од 50 натпреварувања (околу 2.400 играчи), кои се помлади од 28 години и кои одиграле најмалку 500 минути оваа сезона“, објасни „Марка“.

На крајот анализата ги издвоила Жил Кунде од Севилја, Пау Торес од Виљареал, Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд, Свен Ботман од Лил.

Анализата заклучила дека Ботман најмногу би придонел во бројот на пресечени и одземени топки, блокирани удари и добиени „воздушни дуели“, сличен учинок би имал Кунде, а Торес најмногу ги придонел во изградба на нападите.

Scroll to Top