Top Sport

„Ова станува смешно“

Манчестер јунајтед минува низ турбулентни промени во составот, а Маркус Рашфорд е во епицентарот на медиумските шпекулации за потенцијално заминување од клубот.

Ситуацијата дополнително се искомплицира откако тренерот Рубен Аморим целосно го исклучи од плановите. Англискиот напаѓач не само што седи на клупата, туку во последно време не е ниту во протоколот на натпреварите.

Овој потег на португалскиот стручњак покрена лавина гласини дека Рашфорд ќе го напушти „Олд Трафорд“. Според неофицијални информации, поранешниот англиски репрезентативец наводно преговара за трансфер во Саудиска Арабија и веќе одржал состаноци со менаџерската агенција за потенцијално заминување.

Сепак, Рашфорд реши лично да ги демантира овие тврдења преку социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил се осврна на наводите кои се појавија во медиумите.

„Имаше многу лажни вести овие неколку недели. Ова станува смешно. Никогаш не сум се сретнал со никакви агенции и не планирам да го направам тоа“.

Одлуката на Рубен Аморим да го остави настрана еден од најталентираните играчи од познатата младинска академија на Јунајтед, предизвика негодување кај навивачите, со шпекулации дека неговото име би можело да се најде на трансфер листата уште во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top