Реал Мадрид подготвуваат темелна реконструкција на тимот за наредната сезона, а поранешниот играч на овој клуб Мајкл Овен смета дека нема многу имиња во фудбалскиот свет што можат да ја унапредат играта на „кралскиот клуб“.
Челниците веќе го обезбедија потписот на играчот на Порто, Едер Милитао, а втор на листата на желби е Еден Азар од Челси.
„Зизу е повторно во Реал и со бего ќе дојдат и засилувањата. Го купија Милитао, а ги сакаат Азар и Нејмар. Секогаш кога клубот има лоша сезона, претседтелот за наредната троши многу пари за засилувања. Така ќе биде и сега“, рекол Овен и дополнил.
„Мислам дека во светот има околу десет играчи што можат да бидат засилувања за Реал. Нема да откривам имиња, но ќе повторам нема многу играчи што можат да играат тука, имиња што ќе донсеат квалитет. Ги чекаме потезите што ќе ги повлече клубот, верувам дека трансферите ќе бидат во стилот на Реал, кралски“.
Мајкл Овен една сезона го носеше дресот на Реал Мадрид, а во кариерата играл за Ливерпул, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук.