Top Sport

Овен: Сакав да му покажам на Карагер дека можам да играм во Реал

Мајкл Овен во 2004 година од Ливерпул направи трансфер во Реал Мадрид. Откако го напушти „Енфилд“ неговата кариерата тргна по надолна линија. За трансферот во Мадрид Овен го „обвинил“ поранешниот соиграч Џејми Карагер.

„Бевме на турнеја во САД со Ливерпул. Тогаш Рафа Бенитез го презеде тимот. Се сеќавам дека еден ден ми се јави менаџерот и ми кажа дека Реал сакаат да ме купат. До мене беше Карагер и разговаравме на таа тема. Тој ме советуваше да не одам во Реал, ми кажа дека таму нема да играм. Јас решив да го прифатам трансферот за да му покажам дека не е во право“, рекол Овен.

Овен за Реал одигра само една сезона, на 36 натпревари постигна 13 гола. Потоа се врати во Англија, потпиша договор со Њукалс, во 2009 година се пресели во Манчестер Јунајтед, а кариерата ја заврши во 2013 година како играч на Стоук.

Овен за Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук од 2005 до 2013 година одиграл 146 и постигнал 45 гола. За осум години во Ливерпул (1996-2004) одиграл 216 натпревари и постигнал 118 голови.

Scroll to Top