Top Sport

Овен се спореди со Мбапе: Ќе чинев над 100 милиони фунти на денешниот фудбалски пазар

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мајкл Овен се спореди со најплатениот фудбалер на денешницата, Килијан Мбапе, верувајќи дека и тој би достигнал иста вредност како ѕвездата на Пари Сен-Жермен доколку сега би играл фудбал.

Слично како Мбапе и Овен стана фудбалска ѕвезда кога беше многу млад, освојувајќи ја „Златната топка“ на само 21 година откако со Ливерпул ги освои трофеите Лига Европа, ФА купот и Лига купот.

„Не знам. Мисам, изгледаше дека бројките беа малку повисоки пред една-две години. Секако, трансферот на Ерлинг Халанд во Сити за 60-тина милиони не беше вистинска слика за неговата вредност поради други фактори. Можеби би достигнл и јас над 100 милиони фунти, иако е тешко да се проценува. Колку вреди денеска Мбапе? Навистина не знам. Да заминеше од ПСЖ сигурно ќе беше сума од 150 или 200 милиони фунти. Но, и јас бев таков тип на фудблаер – ја освоив ‘Златната топка’, две златни копачки и бев на СП на 18 години. Но, ако некој за мене платеше 150 милиони фунти, немаше да помине добро, бидејќи мојата кариера се влошуваше како што минуваа годините“, вели Овен.

Овен го напушти Ливерпул за Реал Мадрид во 2004 година за 8 милиони фунти (плус Антонио Нуњез), но помина само една сезона на „Бернабеу“, враќајќи со во Англија со укасл, пред во 2009 година контроверзно да премине во Манчестер јунајтед, со кои ја освои Премиерлигата, за во 2012 година да се пресели во Стоук сити, со кои ја заврши кариерата.

Scroll to Top