Top Sport

Овен: Срцето велеше Ливерпул, а завршив во Њукасл

Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен открил дека не бил среќен кога во 2005 година од Реал се преселил во Њукасл. Овен по само една сезона го напушти Реал и за сума од 17 милиони фунти стана играч на Њукалс.

„Требаше да го следам инстинктот. Не сакав да одам таму, моето срце беше врзано за Ливерпул“, открива Овен во својата нова книга.

„Од оваа перспектива јасно е дека тоа беше чекор назад во мојата кариера“, смета Овен кој кариерата ја заврши во Стоук.

Напаѓачот пишува дека Ливерпул не можеле да ја изедначат понудата на Њукалс и дека морал да заврши на „Сент Џејмс Парк“. Инаку интересен е делот во кој Овен говори за Њукасл и големината на клубот. Неговиот коментар нема да им се допадне на навивачите на Њукасл.

„Наввачите на овој клуб веруваат дека Њукасл е за 10 отсто поголем клуб од она што навистина е. Постои некоја илузија во Њукасл, вистината е дека тој клуб е голем бидејќи има многу навивачи и голем стадион“, напишал Овен во книгата.

Scroll to Top