Top Sport

Санчез: Не жалам поради трансферот во Манчестер Јунајтед

Алексис Санчез барем една сезона ќе биде играч на Интер каде ќе се обиде да ја врати својата кариера на вистинскиот колосек. Санчез не успеа да се наметне во Манчестер Јунатед и за многумина е најлошото засилување во клупската историја.

Репрезентативецот на Чиле, во интервју за Би-би-си, рекол дека никогаш не зажалил поради одлуката да го напушти Арсенал и да се пресели во Манчестер Јунајтед. Од јануари 2018 година Сачез постигна само пет гола за Јунајтед.

„Среќен сум што заминав во Манчестер Јунајтед. Секогаш го говорев тоа и го велам и сега. Тоа е најтрофејниот англиски клуб. Бев среќен и кога доаѓав во Арсенал. Но, Јунајтед повторно се развиваше, купуваа играчи и сакаа да дојдат до нови трофеи, а јас сакав да бидам дел од тој проект, сакав се да освојам. Не жалам поради таквата одлука“, рекол Санчез.

За четири години во Арсенал, Чилеанецот имал учинок од 80 гола на 166 натпревари, а во 2017 година бил номиниран за играч на годината во Англија. Во Јунајтед тој не беше ниту сенка од играчот што беше предводник на Арсенал. Од можните 77 пати, тој во стартниот тим се најде на 31 натпревар, а само 13 пати ги одиграл сите 90 минути.

„Бев среќен во Јунајтед, но пред се сакав да играм. Кога ќе ми дозволеа да играм секогаш давав се од себе. Ми се случуваше на еден меч да одиграм добро 60 минути, а потоа да не играм на наредниот меч и да не знам зошто е тоа така“, рекол новиот играч на Интер.

Санчез имаше добар настап летово на Копа Америка, но и покра тоа тој не одигра ниту еден меч во подготвителниот период за Манчеатер Јунајтед.

„Се чувствував добро и бев подготвен да играм, одлуката беше на тренерот. Мислам дека играв добро на Копа Америка. Ќе мора да го прашате тренерот зошто не играв, тоа прашање не е за мене“, заклучил Санчез.

Инаку, неговиот менаџер во моментот кога беше реализирана позајмицата во Интер, рекол дека „морал да замине таму за да ја спаси кариерата“.

Scroll to Top