Руски момчиња на извонреден начин, уште еднаш ги прикажаа сите случувања од неделното финале на Светското првенство, во кое Франција ја победи Хрватска со 4:2 (2:1).
Децата, комплетно облечени во опремите на селекциите за кои „настапуваа“, секој интересен и важен детал од финалето го изведоа на свој начин, сите голови, а дури и ситуацијата во која беше употребен ВАР-системот.
Стрелецот на голот од пенал, ја имитираше и прославата на Антоан Гризман, која е посветена на видео-играта „Фортнајт“.