Top Sport

Овиедо по 24 години се врати во Примера

Овиедо по 25 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по продолженијата со 3:1. Херои на победата на Овиедо се ветераните Санти Казорла и Франциско Портиљо.

Натпреварот не започна добро за тимот од Астурија, бидејќи Аргентинецот Хоакин Паничели во 19-та минута постигна гол за Мирандес и ја зголеми предноста на неговиот тим во вкупниот резултат на 2:0.

Овиедо изедначи од пенал во 39-та минута. Стрелец беше 39-годишниот Санти Казорла.

По паузата, во вториот дел Овиедо тргна за се или ништо. Во 52-та минута Мароканецот Иљас Шаира, позајмениот играш на Џирона го комплетираше пресвртот и го изеначи резултатото во вкупниот скор.

Во регуларниот тек натпреварот заврши 2:1, а во просолженијата во апсолутен херој се претвори 35-годишниот Франциско Портиљо. Тој во 103-та го постигна третиот гол, што значеше и пласман на Овиедо во Примера.

На клупата на Овиедо седи спрскиот тренер Вељко Пауновиќ. Во марто го презеде тимот и преку плеј-офот успеа да избори промоција во Примера.

Интересно Пауновиќ играше за Овиедо во 2000/2001 кога клубот по поразот од Мајорка (4:2) испадна од елитниот ранг на шпанскиот фудбал.

Претходно промоција во Примера изборија Леванте и Елче.

Scroll to Top