Данскиот репрезентативец Мартин Брајтвајт во саботата го имаше дебито во дресот на Барселона. Данецот, во четвртокот, стана член на славниот клуб откако Барса на Леганес им ја плати откупната клаузула од 18 милиони евра.
Брајтвајт во 72 минута го замени на теренот Антоан Гризман. Тој учествуваше во акцијата во 86 минута кога Меси го постигна четвртиот гол.
„Откако го гушнав Меси си реков дека овој дрес нема да оди на во машина за перење алишта“, рекол Данецот по натпреварот.
Барселона, во саботата, со четири гола на Меси го декласира Еибар со 5:0.