Top Sport

Овојпат малку „поинаква“ прослава на Алекс Морган (видео)

Откако се појави на насловните страници со нејзиното контроверзно славење со „пиење чај“ по голот против Англија, американската фудбалска ѕвезда Алекс Морган повторно е хит на социјалните мрежи по прославата на титулата од Светското првенство, но овојпат поради малку поинаква прослава.

Морган заедно со САД стигнаа до четвртата светска титула по 2:0 победата над Холандија во неделата, а по доделувањето на медалите и трофејот, забавата продолжи и во соблекувалната. Со пиво во рацете и рап музика, 30-годишната Морган очигледно добро се забавуваше.

„Ох, таа е валкана“, коментираше голманката Ешлин Херис додека го снимаше нејзиниот танц.

Морган: Мажите се фаќаат за мадиња, а ви пречи моето пиење чај?

Scroll to Top