Top Sport

Дали Лингард и Погба ја „спукаа“? (видео)

Иднината на Пол Погба во тимот на Манчестер јунајтед останува неизвесна и покрај тоа што Французинот одлета за Перт, каде што почнуваат летните подготовки на „ѓаволите“ и потпишуваше дресови на клубот на аеродромот.

Но, оваа ситуација со Французинот, кој јавно изјави дека „сака нов предизвик“ очигледно предизвикува конфликти, откако официјалниот Твитер акаунт на Јунајтед објави видео од пристигнувањето во Австралија, а дел од навивачите веднаш забележаа дека нешто не е во ред.

Во прв план се Погба и Џеси Лингард, кои очигледно имаа што да си кажат, а Французинот не беше импресиониран од тоа што го слушна, па мораше да интервенира Виктор Линделоф да ја „смири“ ситуацијата. Останува нејасно дали се работи за вистински конфликт или за некоја несолена шега.

Scroll to Top